ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Престанете со лажни вести и сокривање на неспособноста на „пуч-коалицијата 61″

„Во врска со неоснованите и тенденциозни наводи за неправилности во користењето на електричната енергија во домот на претседателот Али Ахмети, на 27 септември 2021 година од ЕВН официјално соопштија дека инспекцијата не констатирала ниту една неправилност“, реагира ДУИ на вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое опозициската партија му порача на првиот интегративец Али Ахмети дека не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција.

„Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ, пак, и порачаа на ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лажни вести и да ја сокрива својата неспособност потврдена преку „пуч-коалицијата 61″.

ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува кампањата на неоснована медиумска пропаганда со лажни вести кои имаат за цел институционална дефакторизација на Албанците во земјава, непочитување на вредностите на еднаквоста и дефокусирање на јавноста од приоритетите на развојот и евроинтеграциите, велат од ДУИ.

Во однос на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека во домот на Ахмети има „машина за броење пари”, од ДУИ велат дека јавноста била информирана дека таа фотографија е направена во една канцеларија на едно претпријатие во Република Косово, што е потврдено и од челниците на таа компанија.

„Јавноста смета дека е иронично ВМРО да зборува за корумпираност на другите кога фактите говорат сами за себе, а граѓаните се веќе целосно свесни. Сите неосновани обвинувања, но и последователните напади врз ДУИ не покажуваат ништо друго освен неспособност на ВМРО да ја промени реалноста и чекорењето на државата кон подобар развој. ДУИ е со целосен легитимитет од народот уште од нејзиното основање, а целта на партијата е да се обезбеди проевропска иднина за земјата со европски демократски вредности и подеднакви можности за сите“, наведува ДУИ.

Интегративците нагласуваат дека  „сосема е јасно дека ВМРО не сака силна албанска партија која ја факторизира државата, туку сака свои соработници и аргати, а заедно со Левица низ антиалбанските ставови е против Охридскиот и Преспанскиот договор, како и против Договорот за добрососедство, што јасно се докажа преку неуспешната „пуч-коалиција 61“.

Лидерот на ДУИ, Ахмети на социјалната мрежа „Фејсбук“ пред два дена објави видео со изјави на функционери и претставници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, кои низ години, особено додека биле во опозиција, со слични формулации ја обвинуваат ДУИ за корумпираност и криминал. Објавувањето на видеото некои го протолкуваа како порака до коалицискиот партнер во власта СДСМ, како и до опозицијата, но и како можно позиционирање и подготвување на ДУИ за евентуални предвремени парламентарни избори.

„Со години во постојани напори различни актери се обидуваат да ѝ нанесат штета на ДУИ, како и да ја користат за остварување нивни цели во секојдневните партиски политики“, напиша Ахмети во опис на видеото.

Од СДСМ реагираа дека „односите со ДУИ се стабилни, нормални, постои добра соработка, а тоа се однесува и на другите партнери од парламентарното мнозинство“.

„Не гледаме потреба да коментираме политички маркетинг на која било партија“, се вели во одговорот од СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Муцунски на средба со унгарскиот амбасадор Дукс: Обезбедување европски проекти за нашата општина

Story i radhës

Merlo: Al-Ahli ka vendosur të shkarkoj Hasin

Të fundit nga