Во ИК на ВМРО-ДПМНЕ влегуваат аналитичарот Клековски, актерот Љутков и поранешната вицегувернерка на НБМ Кадиевска-Војновиќ

Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се: аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски, поранешната вицегувернерка на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ, детскиот хирург Ристо Симеонов, доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше, пратениците Ели Панова и Миле Лефков, како и актерот Зоран Љутков, соопшти вечерва по седницата на партиските органи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Нов член на Извршниот комитет на партијата е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од септември минатата година, како и портпаролката на партијата, Марија Митева, соопшти Мицкоски.

Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните, пратениците со Антонио Милошоски, Дафина Стојановска и Драган Ковачки. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторката и пратеник Олга Лозановска од Битола.

Во Извршниот комитет останува и професор Трајко Славески, кој е и претседател на советот на град Скопје, како и Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид, доктор Кирил Пецаков, како и доктор Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на Унија на жени, Жаклина Пешевска, првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски, како и координаторот на пратеничката група Никола Мицески.

Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуелен советник во градот Скопје, а нов шеф на кабинетот на Мицкоски ќе биде Владимир Нелоски, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Nismë për ndryshimin e emrave të shkollave në Tetovë

Story i radhës

Goditën arbitrat pas ndeshjes Lapraka-Arena, vihen në pranga 2 shtetas

Të fundit nga