ВМРО-ДПМНЕ не трпи критики на сметка на Арсовска, распали по градоначалниците на СДСМ и ДУИ

Презентирајќи фотографии од неисчистени диви депонии низ Скопје, СДСМ нагласува дека Данела Арсовска во својот отчет излажала дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје.

-Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи. Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови. За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација. По првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје, нагласуваат од СДСМ и додаваат дека граѓаните на Карпош, како и сите скопјани, не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која наместо да ги реализира ветувањата, секојдневно бара оправдување за своето неработење.

На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека токму градоначалниците од СДСМ и ДУИ за 100 дена имаат резулат една голема НУЛА и наместо проекти на граѓаните им донеле поскапувања.

-СДСМ и ДУИ се најголемите штетници по стандардот на граѓаните. Тие залудно ги трошат народни пари, безмислосно ги задолжуваат општините, и ништно, ама апсолутно ништо не прават за граѓаните, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи ги градоначалниците на Струмица, Струга и Крива Паланка.

-Во паника од нарушениот рејтинг на нивните градоначалници и во обид да го прикријат нивното неработење ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира измислици и лажни вести. Таква е и денешната прес-конференција околу инсталирањето на соларни системи на објекти на Министерството за внатрешни работи, одговараат од СДСМ на овие обвинувања.

 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Старата скопска чаршија како симбол на соживот

Story i radhës

Disa mënyra të thjeshta dhe efektive për rritjen e flokut tuaj

Të fundit nga