ВИДЕО | Стојчески: За уривање на предрасудите мора да работиме на елиминирање на стереотипите помеѓу Грција и С Македонија

Организацијата Младински сојуз 20 години работи на балканско поврзување и младинска соработка во ЈИ Европа. Ние инициравме проект за младинска соработка кој што го одржавме жив до преспанскиот договор а потоа ги притиснавме политичките елити тоа да биде дел од договорот.

-Идејата ја црпиме од процесот на помирување меѓу Франција и Германија. Кај нив после војна нетрпеливоста била толку голема што морале да се среќаваат на неутрална територија Швајцарија, за среќа ние со Грција не сме имале толку голем конфликт и сметавме на почетокот дека сето тоа ќе оди лесно бидејќи младите не се оптоварени со тие предрасуди, вели за Утрински брифинг Методија Стојчески, претседателот на НВО Младински сојуз.

Стојчевски вели дека почнале да формираат канцеларии веднаш по потпишување на договорот, а поддршка добиваат од САД и Германија. Направено е и едно истражување колку младите преку границата се познаваат и резултати велат дека нашите најчесто одат на одмор во Грција, а младите од Грција транзитираат кон Србија низ Македонија.

Според Стојчевски, стереотипите постојат, младите не познаваат никого од другата страна на границата, но мразат некого. На тоа мора да се работи во наредниот период, а тоа може да се направи преку размена на работна сила.

-Нашата влада декларативно е заинтересирана за таа соработка, исто е и од страна на Грција, но во пракса тешко некако оди целата таа работа, вели за Утрински брифинг претседателот на НВО Младински сојуз од Крушево, Методија Стојчески.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Ramadani: Propozimi i OBRM-PDUKM për një Kuvend me 90 deputetë cenon kërkesën e partive të vogla për një njësi zgjedhore

Story i radhës

Situata me COVID-19 në Olimpiadë është “nën kontroll”

Të fundit nga