ВИДЕО | Стојаноски: Ако има квалитетни предлози за уставни судии, можеме да ги избереме уште денеска

Деновиве во Собранието е актуелно препукувањето во рамките на комисиите. За состојбите во Парламентот и комисиите во денешен Утрински брифинг разговаравме со најмладиот пратеник, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ кого претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го именуваше за претседавач со Комисијата за финансирање и буџет.

-Јас ова го доживувам како сопка затоа што денеска имаме три комисии на кои повеќе пратеници членуваат во повеќе комисии. Сметам дека не треба пратениците да имаат повеќе задолженија. Или треба да се остава повеќе простор меѓу седниците на комисиите, вели Стојаноски.

Тој вели дека поради тоа што некои пратеници станаа градоначалници само во Комисијата за финансирање и буџет има две празни места. Неговото чувство е дека тие како опозиција се десеткувани затоа што новите пратеници не се именувани.

Стојаноски вели дека не му е јасно зошто се смета дека е блокирана Комисијата за именувања, а во врска со именувањето на четворицата Уставни судии што недостасуваат бидејќи едниот пратеник што недостасува во таа комисија е од СДСМ кој стана градоначалник на Струмица.

-Ако има квалитетни предлози за уставни судии, можеме да ги избереме уште денеска, вели Стојаноски и додава дека претседателот на Парламентот Џафери може веднаш да ја свика Комисијата за избори и именувања.

Една од точките пред Комисијата за финансирање и буџет е Законот за игри на среќа според чии измени објектите за коцкање треба да бидат подалеку од објекти во кои престојуваат деца.

-Ние се согласуваме обложувалниците да бидат подалеку од училишта, но не ни е јасно зошто се брза со ова законско решение кога многу побитни закони уште чекаат. Би сакал да го слушнам мислењето на СДСМ, но би рекол дека интересот на граѓаните треба да биде пред интересите на бизнисот, вели Стојаноски.

Во Комисијата за економски систем се разгледуваше финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2022 година.

-Нас нѐ интересира како РКЕ ќе успее да го заузда галопирачкиот раст на енергенсите, а тоа го нема во нивниот финансиски план. Не разбирам зото ние би плаќале по 5.300 евра дневно за тековно одржување на ова тело кое само ги констатира поскапувањата, а не прави ништо во врска со тоа, вели Стојаноски и додава дека следната недела пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе излезат со конкретни предлози за решавање на овие проблеми на граѓаните.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Бесни возачи и брзи пешаци – Дали решението е во одземањето на возачките дозволи?

Story i radhës

Gjithsej 303 gjoba për kundërvajtje në komunikacion në Shkup

Të fundit nga