ВИДЕО | Проф. д-р Спасов: Школата за политики при Претседателскиот центар цели кон изградба на солидарно и инклузивно општество

Претседателскиот центар за политичко образование со кој раководи  д-р Александар Љ. Спасов е посветен на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност.

-Претседателскиот центар за политичко образование е формиран во октомври 2020 и тоа е практично како „кров“ на организација која функционира во рамките на Кабинетот на претседателот на РС Македонија. Претседателскиот центар за политичко образование има најразлични активности, меѓу кои е и школата за политики, објаснува д-р Спасов.

Тој додава дека Центарот организира дебати и конференции на одредени прашања.

-Минатата година организиравме конференции за вонредната состојба поради пандемијата на ковид -19. Тоа го направивме во соработка со Министерството за правда и како резултат на тоа сега има подговотвен нацрт Закон за вонредна состојба. Друга конференција беше посветена на критичната инфраструктура која ја организиравме со Министертвото за одбрана. Сега започнува и подготовка на Закон за критична инфраструктура како наша обрска во членството во нато и членството во ЕУ, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Elbasani përfshihet nga reshje shiu dhe dëbore, në cilat akse duhet të qarkullohet me zinxhirë

Story i radhës

Gjithsej 265 gjoba për kundërvajtje në komunikacion në Shkup

Të fundit nga