ВИДЕО | Дувњак: Потребен е баланс меѓу информациите од јавен интерес и она што го објавуваат новинарите

-Писмото со закани упатено до јавниот обвинител Јовески по својата содржина е контрадикторно, смешно, каде што се заканува неименувана терористичка организација. Од одговорот дознавме дека предметот на кој се однесуваат заканите е затворен и нема да има гонење. Во секој случај јас не би ги ни потценувала ни преценувала, добро е обвинителството да го открие авторот за да не се повторуваат ваквите постапки, изјави за Утрински брифинг новинарката Гордана Дувњак.

-Факт е дека со ова може да се врши и злоупотреба од разни структури, а и новинарите доколку не се професионални да влезат во некои шеми да наштетат на работата на институциите. Казните за објавување на државна тајна се и до 10 години. Имаме во пракса сличен случај што како појава во правосудните кругови веше разговарано и во една дебата со новинарите да се разговара што може да се објавува што не, додава Дувњак.

Според неа се прават внатрешни интерни истраги бидејќи институциите мора да бидат заштитени.

-Доколку имаш достапност до информации може да направиш штета на цела постапка, така што тој степен на заштита треба да си го направат институциите и додава дека е штета што не се добиени одговори што се случи со прислушкуваните разговори. Новинарите треба да проценат што е јавен интерес а што не, и тие институции што имаат висок степен во извршување на јавната функција да се заштитат, вели Дувњак.

Таа додава дека мора да воспоставиме една пракса во овој дел и вистински баланс што е јавен интерес, што е за објавување.

-Природно право на новинарот е да чепка да истражува, па сигурно имате некој крт во одредена институција што би сакал да излезат некои валканици или со цел да ја компромитира институцијата, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Жители на Стајковци и Синѓелиќ ќе блокираат улица поради неажурноста на ЕВН

Story i radhës

Mos e bëni! Çfarë do t’ju ndodhë nëse merrni paratë e gjetura në rrugë

Të fundit nga