ВИДЕО: Голем пожар во ридската населба Колтук во Тетово, изгореа три куќи

Пожар изби во куќа во населбата Колтук во Тетово, нешто по 19 часот вечерва, објави порталот Тетово инфо.

Со оглед на тоа дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе, од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија.

Фото: Тетово инфо

Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека сѐ уште се интевенира на гаснење на пожарот, а испратени биле четири возила.

По неколку минути, големата огнена стихија се намали, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.

Според ТВ21, во пожарот изгореле три куќи.

„Пожарникарите дојдоа на време. Немаше никој од сопствениците на трите куќи кои изгореа. Малку да задоцнеа пожарникарите, ќе беше голема катастрофа“, вели за ТВ21 еден од очевидците на пожарот.

МВР вечерва соопшти дека еден од сопствениците на куќите кои изгореле е повреден во пожарот.

„Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожарот во куќа сопственост на И.С (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. Сопственикот И.С добил изгореници по што е пренесе во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош“, информираат од тетовската полиција.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

I shet kryemëvete drutë e parkut, arrestohet

Story i radhës

Gubetini: Hendbolli është traditë e Vushtrrisë 

Të fundit nga