Битиќи по првиот состанок со синдикатите и работодавачите: Покачување на минималната плата ќе има

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, попладнево на Фејсбук напиша дека е започнат социјалниот дијалог за достоинствено вреднување на трудот. Според него, колку ќе трае зависи од дискусијата.

-Ќе разговараме се додека не се усогласиме. Човечкиот капитал е највредниот ресурс и во тоа сите сме согласни. Мојот личен влог и оној на сите социјални партнери, во покачувањето на минималната плата, е со највисок приоритет и покачување ќе има, најави Битиќи.

На заедничка маса седнаа претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија, на Организацијата на работодавачи и на Владата. ССМ бара веднаш минимална плата од 18.000 денари.

За поддршка на предложеното законско решение во Собранието, засега се изјаснија Левица, ДОМ и Демократски сојуз.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Скопјанец со повреди завршил во болница – бил нападнат од три лица

Story i radhës

Tuchel dëshiron ta shohë brazilianin

Të fundit nga