Беким Сали за Пановски, Даниловски и Марковски: Не е време за молење, туку да ги засукаме ракавите!

Министерот за здравство доктор Беким Сали при денешната посета на Детската клиника, ја коментираше одлуката на докторите Вело Марковски, Драган Даниловски и Никола Пановски, да не ја прифатат неговата Фејсбук покана да бидат членови на Комисијата за заразни болести. Сали рече дека откако стапил на новата министерска функција, поголемиот дел од денот му е посветен на надградување на Комисијата за заразни болести и дека ургентноста на состојбата бара и да се засукаат ракавите и сите да помогнат колку што можат. На прашањето дали ќе ги повика лично тројцата еминентни доктори да членуваат во Комисијата, тој не даде позитивен одговор.

-Не е период за молење и лични дискусии и други начини на покани. Сега е период да засукаме ракави и да се справиме со пандемијата, рече Сали.

Состојбата со пандемијата тој ја оцени како стабилна, иако последните 10 дена има зголемување на бројот на случаи. Сепак, и со кадар и со болнички кревети, министерот смета дека нема никакви проблеми.

За училишната година која почнува утре, Сали рече дека ќе има скрининг кој ќе биде спроведен преку Центрите за јавно здравје. Учебната година продолжува утре со физичко присуство. Утре Комисијата за заразни болести ќе одлучи како и кога ќе се почне со скринингот. Нови мерки засега министерот за здравство не најави.

 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Арсовска: Над 150 диви депонии на територијата на Скопје се исчистени, продолжуваме да постапуваме по пријави и со казни за загадувачите

Story i radhës

Bie zjarr në katin e pestë të një banese në Tiranë

Të fundit nga