Некогашното Скопје беше и останува симбол на љубовта, радоста и солидарноста! Денес се помалку од овие вредности, но се повеќе спомени!
Спомени и носталгија за старото Скопје, а него старите скопјани го опишуваат преку следнице реченици;
Скопје е ….
-бакнеж на клупа покрај кејот на Вардар
-кога ја чекаш на Рекорд
-кога навиваш за Вардар или Работнички
-кога јадеш сендвич од кај „Чичко Стоилко“
-кога одиш на Први Мај на излет на Треска или во Сарај.
-кога идеш на благо во „Апче“
-кога идеш на ќебапи во „Дестан“
-кога идеш на викенд на Водно или Матка
-кога идеш на турски чај и баклава во Турска чаршија
-кога идеш на скара кај Жабарот
-кога се сеќаваш нахуманоста на Мајка Тереза
-кога знаеш каде почива Гоце Делчев
-кафе на улица Македонија
-поглед од Кале