Не можеме да функционираме со четворица судии помалку, му се пожали Кацарска на Тупанчески

min lexim

Заемните заложби за владеење на правото и функционален правен систем, како и нотирањето на предизвиците, но и позитивните аспекти од промените коишто произлегуваат од носењето на интерните акти во Судот, беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и министерот за правда Никола Тупанчески.

При тоа, како што информираат од Уставниот суд, претседателката Кацарска изрази загриженост за функционирањето на Судот со четири судии помалку од она што е предвидено во Уставот. И двете страни се согласија дека ова е прашање од врвен интерес за државата и заштитата на уставниот поредок и во најскоро време треба да биде решено.

Претседателката Кацарска го информираше министерот за правда за проблемите на Судот во смисла на просторното сместување, потребата од опремување на сервер салата, зголемувањето на кадровските капацитети, како и потребата од законско уредување на материјалниот статус на уставните судии и вработените во Службата на Судот.

Министерот Тупанчески ја афирмираше клучната улогата на Судот и се заложи за идна поредовна соработка и поддршка со вложување максимални напори за зајакнување на капацитетите на оваа институција. Во тој контекст, беа разменети мислења за пристапот до целосна функционална и финансиска независност на Судот преку компаративни примери од европските земји. Исто така, министерот најави поддршка преку ИПА 3 со која е предвидено зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Судот преку поддршка за измени на Деловникот на Судот, обуки и студиски посети на судиите и стручната служба и подобрување на ИТ инфраструктурата на Уставниот суд, стои во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Zakharieva: Maqedonia e Veriut nuk ka pasur fokus fillimin e negociatave me BE-në, por mospërfshirjen e kërkesave bullgare

Story i radhës

Mirror: Pochettino favorit

Të fundit nga