Мицкоски: Претходната влада беше најслабата во изминативе 30 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека и натаму стои на ставот дека оваа Влада не може да направи ништо подобро од претходната.

Мицкоски вели дека може да седи настрана и да продолжи да ја критикува власта, меѓутоа според него тоа не е решение, и затоа се потребни предвремени парламентарни избори.

„Ние можеме да седиме на страна да си работиме тоа што си работиме, да го критикуваме тоа што не чини, да имаме комотна позиција и едноставно да видиме како се одвиваат работите. Јас сум силно убеден дека овој капацитет на луѓе, и персонален, но и програмски, не може на направи ништо подобро од според мене најслабата влада во изминативе 30 години во Македонија, а тоа е претходната влада. Можеби ќе се сложите, можеби не, можеби дел од гледачите да се сложат, дел нема да се сложат, но тоа е моето мислење. И сега ако јас сум убеден, не велам дека сум 100% во право, но истовремено дали ние го имаме тоа време, и тој комфор да дадеме дополнителни три месеци, да дадеме дополнителни четири, шест месеци, дали го имаме тоа право, како политичари, бидејќи ние излегуваме пред граѓаните и се декларираме дека сме одговорни, и дека како луѓе сакаме да направиме нешто за ова наша држава“, изјави Мицкоски.

Тој најави и дека се планира внатрешна реорганизација на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе вклучува и зголемување на бројот на потпретседатели на партијата.

-Во понеделник ќе имаме седница на Централниот комитет, на која ќе се гласа за нови членови и состав на Извршниот комитет. Ќе имаме проширување, но и подмладување на партијата. Ќе бидат 28, 29 членови, а исто така ќе се зголеми и бројот на потпретседатели на партијата, од двајца на четворица. Сметам дека овие лица и состав ќе имаат сериозен државнички капацитет, рече Мицкоски во гостувањето на емисијата „360“.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

U propozua për 6 marsin / Sali Berishës i tërhiqet papritur nga gara kandidati i njohur

Story i radhës

E habitshme, ‘”gjuha e futbollit” pajton serbët dhe shqiptarët

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish