Започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија, на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји, напиша денес вицепремиерот Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил.
– Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи.
Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид – 19 и покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација.
За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата, стои во неговата објава.