Едина Муса и годинава ќе биде БРЕНД АМБАСАДОР на Видеолотарија КАСИНОС АВСТРИЈА

Успешните партнерства се оние кои траат и времето ги прави поцврсти и позрели. Видеолотарија Касинос Австрија ги негува и ги цени таквите и затоа со задоволство соопштува дека ја продолжува соработката со Едина Муса, како бренд амбасадор.

Заедничкото поглавје кое почна пред 12 месеци само потврди дека Видеолотарија Касинос Австрија и Едина се вистинска комбинација. Нејзините карактеристики прво како личност, а потоа и како спортист беа една голема додадена вредност во работата и функционирањето на компанијата.

Најпопуларната кошаркарка во Македонија беше бренд амбасадор на повеќе проекти и настани посветени на играчите на Видеолотарија Касинос Австрија, но беше дел и од неколку општествено одговорни акции, кои уште еднаш покажаа дека таа е симбол на вредностите и принципите кои заедно ги промовираме.

Затоа на големо задоволство на сите во Видеолотарија Касинос Австрија, Едина ќе продолжи да чекори заедно со нас и понатаму. Таа и пред да стане дел од нашето семејство, беше пример за тоа како со посветена работа и залагање може да се оствари секоја цел. Сега продолжуваме со здружени сили да исполнуваме заеднички мисии.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  

Story i mëparshëm

Kremlini kundërshton planet e sulmeve kibernetike

Story i radhës

Zudi Enuzi dhe Danella Arsovska nisën shënimin e Ditëve të Ekologjise nga kopshti “Borëbardha” në Çair

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish