Герасимовски: Со 17 асистенти во училиштата овозможуваме инклузивност на децата со попреченост

min lexim

Општина Центар и оваа година, петта по ред, продолжува со активностите за финансиска поддршка на невработени лица како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби од општинските основни училишта.

Проектот започна со целосна финансиска поддршка на УНДП и Министерството за образование, за сега веќе втора година по ред истиот да се реализира со комплетно финансирање од страна на Општина Центар.

„Со овој проект ‘Образование за сите’, кој е опфатен со Програмата за образование за 2022-ра година, предвидуваме ангажирање на невработени лица како лични асистенти на ученици со попреченост од 8-те основни училишта во општината. Оваа година, со проектот се опфатени вкупно 14 ученици, за кои согласно проценките на стручните служби, како и наодот и мислењата кои ги поседуваат, се сметаат за приоритетни во потребата од придружба при следење на наставата и совладување на наставниот материјал. Започнувајќи од март, предвидено е вклучување на дополнителни 3 лични асистенти, за кои дополнително се појави потреба по барање на родителите и стручните служби од училиштата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Основната идеја на проектот „Образование за сите“ е со употреба на различни модули да им даде поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки, и тоа: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.

Со реализирањето на овој проект се овозможува подобар успех при совладување на наставниот материјал кај учениците. Се олеснува интеграцијата на 17 ученици со посебни образовни потреби; се зголемува свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености и придонесува кон целосна инклузија на овие деца во образовниот систем, велат од општината. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Kovaçevski – Stoltenberg: Rusia duhet të vazhdojë dialogun diplomatik

Story i radhës

Спасовски: Наскоро ќе биде заокружена финансиската конструкција за „Безбеден град“

Të fundit nga