ВИДЕО | Стојчевски: Кога идејата е добра, лесно се преминува од фриленсери до сопствен бизнис

Патот до остварување на посакуваната цел не е лесен, но вистинските намирници за рецепт за успех се упорноста, увереноста, и многу вложен труд и енергија. Најважно од сѐ се идејата и задавањето цели, бидејќи само на тој начин сонот ќе стане реалност.

Сепак за успешна претставана пазарот не е потребна само добра фабула туку и вистински актери. Токму таков е случајот за кој разговаравме во денешен Утрински брифинг. Благоја Стојчевски е еден од основачите на компанијата Тримод Тим, компанија која се занимава со правење на печатени кола и хардвери за 3Д принтери, тим кој се залага за создавање на првата 3Д фарма во регионот.

-Имаме мини 3Д фарма што ја користиме за наши цели. Клиенти доаѓаат од цел свет со идеја напишана на ливче и ние произведуваме продукт, вели тој.

Идејата потекнува од љубовта на Стојчевски кон електрониката уште од најрани години, а двајцата партнери во фирмата се запознале на факултет. Компанијата постои веќе шест години, а сопствениците започнале со работа фриленсерски, преку интернет платформите, по што се појавила потреба дизајнот на електроника да го претворат во бизис во Македонија.

-Нашите продукти најмногу се извезуваат во странство. Таму има повеќе побарувачка. Во однос на продуктите, наша цел е да одат за странски пазари иако од денес еден продукт почнува да се продава прво во Македонија. Нашите производи се паметни слушалки, производи за медицина и авиоиндустрија, сме работеле за различни министерста, за полиции во странство, вели Стојчевски.

Компанијата не само што врши изведба по порачка туку се и иноватори. Неодамна конструираа нова машина за ЦНЦ обработка, а станува збор за брендот е Гоба ЦНЦ. Покрај стандардните операции (длабење, отсекување) оваа машина може да најде примена во современо 3Д резбарење во дрво, пластика и алуминиум.

Стојчевски појаснува дека 3Д фарма значи повеќе принтери на едно место на кои се создаваат производи. Од нив повеќето се тест производи кои компаниите ги прават пред да започнат со сериозно производство.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Sot në Shkup do të protestohet për rastin e vdekjes së Rexhail Qerimit

Story i radhës

Shoqëri, prindër me vizione (aftësi) të kufizuara

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish