ВИДЕО | Паризов: Алармантна е состојбата со Тиквешко Езеро, заради производство на струја страда живиот свет

min lexim

Состојбата со водостојот на Тиквешкото Езеро е алармантна, а според проценките на експертите достигната е минималната дозволена кота од 233 метри надморска височина и со волумен на вода од околу 30% од капациететот додека должината на езерото намалена е за 50 отсто.

Екологистите алармираат дека итно треба да се преземе нешто за да се спречи катастрофа. Велат дека покрај тоа што акумулацијата е многу важна за земјоделците, таа е важна и за животната средина и животинскиот свет што живее околу неа. Во реонот околу ова езеро живеат над 1.250 различни видови на животни. Некои од нив се на националната црвена листа во државата, а некои се со интернационален статус од интерес за нивна заштита. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со претседателот на регионалното здружение „Еко-живот” од Кавадарци, Роберто Паризов.

-Водата се испушта, а тоа за нас е неприфатливо. Во време на климатски промени водата треба да се чува. Во 1968 година кога е изградено езерото, климатските промени не биле толку изразени, но денес треба да се дејствува да се намали нивното влијание. Тиквешкото Езеро од 29 километри сега е долго 15 километри, вели Паризов.

Самата биолошка разновидност е многу специфична за овој регион од кои неколку видови се на црвената листа, вели Паризов и додава дека тоа на една мала површина од 11 илјади хектари е значајно што има толку голем број на фауна. Овој проблем со езерото се провлекува неколку години, но сега е последен миг да почнеме да дејствуваме, додава Паризов.

-Тука имаме изградено голем број куќарки кои луѓето ги изградиле за да уживаат во благосостојбата на езерото која сега ја нема. Езерото е изградено како хидроакумулација за наводнување на земјоделските површини во овој регион, вели Паризов.

Бидејќи сега не е сезона на наводнување на земјоделските површини Паризов смета дека ова губење на водата се должи на производството на електрична енергија. Управителот на Тиквешко Езеро не живее на територијата на Општина Кавадарци, а кавадарчани сметаат дека управувањето треба да биде локално оти само на тој начин ќе се води вистинска грижа од луѓе кои секојдневно имаат увид во состојбата.

-На средбата со градоначалникот Митко Јанчев се договоривме да се направи елаборат и да се запознае централната власт со состојбата на Тиквешкото Езеро, вели Паризов.

Тој додава дека секојдневно ќе ги објавуваат негативните последици од испуштањето на водата од Тивешкото Езеро затоа што сакаат да ја алармираат и јавноста за оваа појава. Според екологистите, секојдневното информирање ќе биде доволен адут за подигање на свеста кај надлежните навремено да реагираат.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

312 kundërvajte në komunikacion në Shkup, 77 për tejkalim shpejtësie

Story i radhës

Gruaja e Valon Behramit fiton medaljen e bronztë në Lojërat Olimpike 

Të fundit nga